Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, денес, оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија акредитирано за Република Северна Македонија, потполковник Ханс-Петер Вамслер на која присуствуваше и досегашното ОА, потполковник Дирк Вебер.
На средбата, генералот Нуредин на потполковник Ханс-Петер Вамслер му посака успех во извршување на должноста, која ја извршуваше и во период од 2016 до 2019 година, а на потполковник Дирк Вебер му се заблагодари за неговата работа и стручен ангажман при што го истакна неговиот придонес во продлабочувањето на одличната билатерална соработка и поддршката во полето на едукацијата на нашите кадри на воено-образовните институции во СР Германија.