Армијата на Република Северна Македонија во својот досегашен развој своите достигнувања, меѓу кои последното и најважно исполнување на стратегиската определба-полноправното членство во НАТО, во најголема мерка ги должи на својот човечки потенцијал и нивните залагања без оглед на родовата или национална припадност.
Во пресрет на меѓународниот ден на жената и заложбите за родова еднаквост во Армијата фокусот на придонесот за остварувањата на Армијата со право ќе го посветиме на припадничките од понежниот пол.
На военото одморалиште на Попова Шапка во присуство на началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменикот началник и директорот на генералштабот со целокупниот персонал од понежниот пол во состав на генералштабот, преку еднодневна активност се промовира залагањето за еднакви родови можности преку искористување на потенцијалите на сите припадници на Армијата, недискриминирани по ниту една основа, кое воедно е и исполнување на стандардите кои постојат во земјите членки на НАТО.
Меѓу оние кои го имаат вложено севкупниот свој потенцијал и има голема заслуга во денешното ниво на развој но пред се во промовирање на родовата перспектива е првиот припадник на нашата армија од женскиот пол, потполковник Љубица Пројчевска, на која во склоп на денешната активност на, Кампот за обука во зимски услови кој се наоѓа на највисока надморска височина од сите воени објекти на симболичен начин се оддаде должно признание.
И во останатите команди и единици во Армијата секој со своја програма ја промовираа еднаквоста помеѓу половите со должна почит кон припадничките од своите состави во духот на одбележување на овој меѓународен ден.