Изведување на тактички задачи како: инфилтрација и ексфилтрација на непријателска територија со хеликоптер, препад на населено место и реакција на импровизирана експлозивна направа, беа инцидентните ситуации со кои се соочија припадниците на декларираната ренџерска чета во вториот ден од НАТО оценувањето НИВО-1 во склоп на вежбата „Македонски Блесок 12“.
Успешноста и начинот на спроведување на тактичките процедури во дадените ситуации, во целост го оправдуваат логото на ренџерскиот баталјон „Секогаш со чекор понапред“, кое впрочем е докажано во реални ситуации со учеството на припадници од оваа единица во наменските сили „Феникс“ во ИР Авганистан заедно со припадници на Националната Гарда на Вермонт во 2010 година.