Во период од 12-ти до 16-ти декември 2016 година, во здружената оперативна команда во Куманово се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“. Планирањето на вежбата се реализираше врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по НАТО Концептот за оперативни способности и НАТО Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003.
На иницијалната планирачка конференција активно учество земаа претставници од Армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, како дел од А5 иницијативата (Република Албанија, Република Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Македонија и Република Црна Гора) и претставници од Националната Гарда на Минесота од вооружените сили на САД.
За време на отворањето на иницијалната планирачка конференција беа искажани целите на вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“ и тоа примарните и секундарните цели и беа изработени потребните документи за развој на вториот модул од сценариото.
Во продолжение на конференцијата се реализираа следните активности:
- Првична идентификација на Листите на Главни настани;
- Изработка на почетниот план за сценарио за вежбата;
- Идентификација на задачите и одредување на рокови за примарните и секундарните единици за обука;
- Идентификација на состав и опрема на единиците за учество на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17“;
Планирачкиот процес ќе продолжи во месец февруари со работилница за концептот на операции која ќе се одржи во периодот од 20-ти до 24-ти февруари 2017 година.