Денес, 08.06.2019 година отпочна реализацијата на тактички вежби со боеви гаѓања (ТВБГ) со вод, поддржани со одделение на минофрлачи 82 мм, од втората механизирана пешадиска чета од средната пешадиска баталјонска група.
Во пресрет на активностите беше и посетата на генерал Џозеф Ленгли, началник на Бирото на Националната гарда на САД, кој ги посети мултинационалните сили од шесте земји учеснички на вежбата „Одлучен Удар“ и истакна дека вежбата е од огромно значење за сите нив и допринесува за јакнењето не само на индивидуалната, туку и на колективната одбрана.
Во текот на денот преставниците од цивилно-воена соработка од вежбата „Одлучен Удар“ се упатија кон Гевгелија, каде во попладневните часови, во центарот на градот ќе се реализра презентација на вооружување и опрема од страна на македоската армија и армијата на САД пред граѓаните на општина Гевгелија.
ОН/ ЗД