Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, денес оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно воено аташе на Република Турција, за Република Македонија, потполковник Рушен Абидиноглу.
За време на средбата се разговараше за теми поврзани со меѓусебната соработка во полето на одбраната со особен акцент на заедничкото учество во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во И.Р Авганистан во рамките на турскиот контингент.
Генералот Величковски му посака успешна работа на новоназначеното аташе и благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Турција за полноправно членство на Р. Македонија во структурите на НАТО.
Потполковникот Абидиноглу, кој во наредниот период до назначување на резидентно одбранбено аташе оваа функција ќе ја извршува од Приштина посочи дека ќе продолжи да работи на унапредување на билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Турција.
Исклучително добрата соработка со овој значаен стратешки партнер на Р. Македонија, се огледа во постојаниот дијалог и конкретни предлози за начинот на реализација на договореното.