Припадници од Армијата на Република Македонија успешно ги покажаа вештините во стрелаштво стекнато низ 25 годишното постоење на АРМ со учеството на единаесеттиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје-2017“ кој се одржа денес на стрелиштето „Камник“ во Скопје.
Во име на Началникот на Генералштабот на АРМ, турнирот го отвори командантот на полкот за специјални операции, бригаден генерал Орце Јордев кој во своето обраќање, го потенцира значењето на овој вид спорт за воената професија, посакувајќи на натпреварувачите постигнување на врвни резултати.
На натпреварот покрај Република Македонија учествуваа натпреварувачи од Германија, Русија, САД, Словенија, Србија, Црна Гора и Швајцарија во дисциплините: пиштол на 25 метри, пушка на 100 метри, снајперска тактичка полуавтоматска пушка и снајперска ловечка пушка на 100 метри.
Во натпреварувањата на кои учествуваа над 220 учесници, 76 те припадници од командите и единиците на АРМ, ги освоија следните позначителни резултати: пушка 7,9 мм Томислав Гончев од составот на пСО го освои 1 место, пушка 100 м екипно од 8 екипи пСО 4 место и од 8 екипи снајпер 4 место ГШ на АРМ, додека екипата на ЗОК 5 место.
Во дисциплината пиштол на 25 метри 3тото место го освои Ирена Петровска од ПСО, екипно во гаѓање пСО освои 2место, а ГШ на АРМ 3 место, или во категоријата мажи екипно од 14 екипи ГШ на АРМ го освои 6то место.
Резултатите докажуваат дека традиционално припадниците на АРМ освојуваат високи позиции на овој вид на натпреварување што ја отсликува подготвеноста и обученоста во стрелачките вештини.
Турнирот кој е помеѓу наголемите и најатрактивните годишни натпревари во стрелаштво во Европа е во организација на Македонската Меѓународна Стрелачка Федерација, а на него традиционално АРМ покрај учество на свои припадници во натпреварувањето придонесува и во уредувањето и обезбедување на стрелиштата на кои се вршат натпреварувањата.