На денешниот годишен состанок во ГШ на АРМ пред началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски главните подофицери во командите и единиците на Армијата на Република Македонија, брифираа за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ.
Генералот Величковски на средбата уште еднаш ја искажа континуираната поддршка за развој ова тело, притоа истакнувајќи дека подофицерскиот кор е важна алка во Армијата и главните и први подофицери претставуваат личен пример за сите подофицери и професионални војници во АРМ. Воедно истакна дека главните подофицерите треба да бидат ментори за давање на несебична поддршка во развојот на подофицерите.
Главниот подофицер во АРМ, главен наредник Свето Цветковски ја назначи потребата од несебично залагање во лидерство со цел подигање на обученоста на подофицерите во одржувањето на степенот на борбена готовност на потребно ниво. Исто така даде насоки за преземање на мерки и активности за развивање на подофицерскиот кор за наредната година.
Главните подофицери во командите и единиците се еден од столбовите врз кои се темели водењето и мотивирањето на подофицерите и војниците во извршување на мисијата на единиците.