Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, на 07 и 08 февруари, согласно годишниот План за работа на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), се реализира дводневен семинар за размена на искуства од доменот на артилеријата.
Учесници на семинарот се старешини (офицери и подофицери) од артилерискиот баталјон и артилериските единици од составот на пешадиските баталјони на 1.мпбр, како и претставници од Здружената оперативна команда (ЗОК) и Командата за обука и доктрини.
Старешините кои учествуваа на семинарот, преку активно учество низ презентации, размена на искуства и дискусии активно придонесоа за целосна имплементација на сите неопходни елементи за огнена поддршка, а меѓудругото беа дадени и соодветни иницијативи за надминување на предизвиците со кој се соочуваат припадниците на овие единици.
Командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески и командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски во текот на семинарот ги посетија учесниците на семинарот, при што присуствуваа на дел од дискусиите од овој домен.