Припадниците на полкот за Специјални Операции, во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, донираа прехранбени артикли и облека за социјално загрозените семејства.
Донацијата се состоеше од околу 400 полуоброци составени од млеко и прехранбени производи, а беа донирани и неколку пакети со облека. Оваа акција е дел од активностите со кои единицата се подготвува да го одбележи денот на единицата.
Припадниците на полкот и овој пат како и многу пати досега на дело ја покажаа хуманоста да помогнат онаму каде што тоа е потребно.