Единиците на Армијата на Република Македонија преку обученоста и искуството кое го поседуваат 157 учесници кои учествуваат на меѓународната вежба „Анаконда-16“ секојдневно ја презентираат компатибилноста со процедурите и стандардите кои ги користат НАТО партнерските армии.
Ситуационите вежби, чета во одбрана и чета во напад кои ги изведува механизираната пешадиска чета заедно со чета од бугарската армија, како и ситуационите вежби на ниво на тим и одделение, кои ги изведува водот на воената полиција заедно со припадниците на армијата на САД и другите партнерски армии, се дел од активностите во денешниот и вчерашниот ден.
Деноноќните вежбовни активности командувани од раководството на вежбата претставуваат увод во големите и комплексни вежби со боеви гаѓања кои веќе се изведуваат од одредени родови на некои локации, и се дел од главните случувања кои следат во завршниот дел од вежбата согласно зададеното сценарио.