На армискиот полигон „Криволак“, во рамките на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17“, како дел од заедничка соработка и размена на стекнати знаења и вештини во текот на денот беа реализирани неколку активности.
Најпрво беа презентирани материјално техничките средства и опремата со која располагаат припадниците од различните армии. По што следуваше решавање на повеќе настани и инциденти, од кои во претпладневните часови се реализираше пребарување на зграда од страна на припадниците на водот воена полиција од БиХ. Додека за попладневните часови остана да се реализира ескортирање на ВИП од страна на водот на воена полиција од Р. Албанија и пребарување на зграда од страна на водот составен од припадниците од воената полиција на Р. Црна Гора и САД.
Целта на вежбата, што ќе трае до 29-ти септември, е преку заедничко извршување на поставените задачи да се промовира соработката на воено полициските капацитети во рамките на А5 иницијативата, споделување на стекнатите вештини и искуства, како и интероперабилност во постапките на припадниците од армиите учеснички.