Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец со воена свеченост беше одбележан „2.Јуни-Денот на тенковскиот баталјон“. На свеченоста, покрај командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, присуствуваа и претставници од Генералштабот на АРМ (ГШ на АРМ), Здружената оперативна команда (ЗОК), поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр, претставници од локалната самоуправа, верските заедници од зоната на одговорност на единицата, како и правни и физички лица со кои единицата соработува,.
Во обраќањата од страна на командантот на баталјонот, потполковник Тони Златевски и командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, беа истакнати историскиот пат, работата и достигнувањата на припадниците на тенковскиот баталјон во обуката, секојдневните активности, учеството во меѓународните вежби и идните активности на тенковскиот баталјон.
Вториот тенковски вод од втората тенковска чета беше прогласен за најдобар вод за за изминатиот период, при што на командирот на водот му беше предаден преодниот пехар и знаме.
По повод Денот на единицата, беа унапредени, наградени и пофалени припадници од баталјонот кои се истакнале во работата и обуката и дале придонес во јакнењето на борбената готовност на единицата.
Духот и традицијата на единицата, кои се градени во изминативе 26 години, се силно врежани во секој припадник на тенковскиот баталјон, чии корени потекнуваат од 2. јуни 1992 година, кога е формиран тенковскиот вод во рамките на тогашната гардиска бригада.