Во рамките на активностите по повод 18-ти Август – Денот на АРМ, денес (12 Август 2015 година), делегација на АРМ во Црвениот крст на Република Македонија, предаде 58 пакети со облека, обувки и школски прибор, средства кои припадниците на АРМ ги донираа во чест на нивниот празник.
Како и многу пати до сега,припадниците на АРМ ја покажаа хуманоста со донирање на средства за помош на граѓани од социјално ранливите категории, со што покрај нивните редовни обврски и активности од одбранбената сфера, активно се вклучува и во проекти од хуманитарен карактер.