Денес, 12-ти август 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со постар полковник Џанг Баогун, одбранбено аташе на Народна Република Кина во Република Македонија.
На средбата генералот Котески му се заблагодари на полковникот Џанг Баогун за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продолжувањето на одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Народна Република Кина.