Денес, 5-ти ноември 2015 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со д-р Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
На средбата која е прва од ваков вид од назначувањето на генерал Величковски за НГШ, се разговараше за можностите за соработката на АРМ и ССМ во однос на состојбата во остварување на општоприфатените стандарди и норми на меѓународното право во работничката сфера на припадниците на АРМ, како и за актуелни случувања во сферата на правата од работниот однос.
Голем дел на припадниците на Армијата на Република Македонија се синдикални членови во Синдикатот на одбраната и безбедноста кој е составен дел на организацијата на ССМ.