Денес 2 декември, припадниците на АРМ активно се вклучија во акцијата за пошумување „Ден на дрвото – засади ја твојата иднина“.
Во координација со претставниците од подружниците на ЈП,, Македонски шуми“ персоналот од АРМ со засадување на над 40 000 садници, беше ангажиран на повеќе локации ширум Република Македонија, се со цел да се зголеми појасот на зелени површини и воедно подигне нивото на еколошка свест.
На традиционалното учество на АРМ во акцијата, во кругот на Воено-медицинскиот центар беа засадени млади садници од страна на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, министерот за одбрана Зоран Јолевски и одбранбените аташеи во Република Македонија.
Вклучувајќи се во оваа национална акција припадниците на армијата превентивно допринесуваат да се намалат последиците од поплавите, одрони, лизгање на земјиштето, проблеми со кој Република Македонија се соочуваше во изминатиот период.