На 21 јуни 2018 година во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим составен од двајца инспектори од ВС на Република Унгарија и по еден инспектор од ВС на Португалија и Австрија.
За време на реализација на активностите во КОД, инспекторскиот тим беше придружуван од страна на ескорт тим од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето во Министерството за одбрана на Република Македонија.
Во текот на работниот состанок, инспекторскиот тим имаше можност да се запознае со состојбата на специфицираната област преку презентација за КОД. Во тој контекст, инспекцискиот тим се запозна со кратката историја на единицата, локацијата на КОД, мисијата, организациско формациската структура и активностите и состојбите кои се однесуваат на одредбите од „Виенски документ 2011“.
Обиколката на инспекторскиот тим во КОД следи по претходно остварените посети во полкот за специјални операции, здружената оперативна команда и генералштабот на АРМ каде исто така се презентирани активностите и состојби во одредените области на интерес.