Со предавање од страна на претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, во Воената Академија генерал Михаило Апостолски во касарната Гоце Делчев во Скопје, се отвори академската година на питомците и студентите на Воената Академија.
Претседателот Иванов во своето предавање на тема „Геополитичка и геостратегиска положба на Република Македонија и бегалската криза“ се осврна на повеќе актуелни теми од доменот на геополитиката и геостратегијата, а кои се однесуваат и на предизвиците со кои се соочи и Република Македонија во текот на минатата година.
На предавањето присуствуваа Заменик на Началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај, генералите на Армијата на Република Македонија, Државниот секретар во МО на РМ Елизабета Чуповска Ристова и дел од клучниот персонал од Генералштабот на АРМ и слушатели од вториот циклус на студии на ВА.
На овој начин се означи и започнување на новата академиска година, на питомците од јубилејната 20.класа на Воената Академија и слушателите на вториот циклус на студии на Академијата.