Жените на 31 Светско воено првенство во борење – Да се биде и борец но и дама
Македонските репрезентативки Белинска и Пешова донесоа уште две медали за македонската боречка репрезентација.
Стереотипите дека борењето е спорт во кој доминираат мажите се надминати со учеството на голем број жени на ова 31 во Воено Светско првенство во борење. Повеќе репрезентации во својот состав имаа претставнички од понежниот пол. Во историјата на воените светски првенства во борење ова е трет пат каде жените се дел од него.
Трите бронзени медали кои ги освои македонската боречка репрезентација се токму од страна на Дејкоска Маја, Александра Пешова и Елена Белинска.
На прашањето зошто борењето е нивниот избор нивните одговори беа дека борењето ја подобрува нивната лична самодоверба, вербата дека се е остварливо, дека спортот ги учи да се почитуваат меѓусебно, ја промовира личната одговорност и посветеност. Промовирајќи се себеси низ спортот и низ вакви меѓународни настани даваат голем придонес за афирмација на Армијата и државата во светски размери.
Неколку од натпреварувачките со кои разговаравме нагласија дека иако се натпреваруваат во груб спорт сепак е возможно истовремено да се биде и борец но и дама.