Уште еднаш припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции ја докажаа својата врвна психофизичка спремност. Овој пат припадникот на баталјонот за Специјални Намени на вчера одржаното Државно првенство во кик бокс го освои првото место во дисциплината К-1 во категорија до 71 килограм.
Државното првенство во кик бокс беше одлична можност натпреварувачите да ја проверат својата спремност, но воедно да се наметнат како кандидати за репрезентацијата која ќе учествува на меѓународни спортски натпревари. Натпреварот беше организиран од страна на Кик бокс, „Маи Таи“ федерацијата, а истиот се реализираше во салата на Кошаркарскиот клуб Работнички – Скопје.