Во период од 11.03. до 15.03.2019 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје успешно се реализира четвртата регионална работилница за вежбата „REGEX 19“ на која учество зедоа претставници од 18 партнерски земји и од Здружената команда на НАТО од Неапол.
На официјалното отворање на работилницата, заменикот на командантот на Здружена Оперативна Команда (ЗОК), бригаден генерал Орце Јордев им посака успешна и плодна работа на присутните, а истовремено го истакна огромното значење на вежбата со оглед на бројот на земјите – учеснички на истата.
За време на петте дена од работилницата се реализираа следниве активности:
- Развивање и утврдување на целите на обуката (Training objectives) со претставниците на партнерските земји и претставници од Здружената команда на НАТО за мултинационалната вежба „REGEX 19“;
- Дефинирање на листата на главни настани за вежбата;
- Развивање и дефинирање на сценариото – модул 2.
Претставниците на земјите учеснички на вежбата „REGEX 19“ и началникот на штаб на ЗОК, полковник Бесник Емини на ден 14.03.2019 година го посетија баталјонот за врски и баталјонот Воена полиција во касарната „Илинден” во Скопје каде се запознаа со организациско-формациската структура, мисијата на единиците и беа изведени методско-показни вежби.
На крајот на работилницата изработени се потребните документи за целите на обуката, развивање на сценарио – модул 2 и беше дефинираната листа на главни настани што претставува солидна база за продолжение на планирачкиот процес.
Следната фаза од планирачкиот процес за вежбата, главната планирачка конференција ќе се реализира во период од 10 до 14.06.2019 година.
ЗВ/ЗМ/ЧС