Денес во посета на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) беше директорот за меѓународна безбедносна политика од министерството за одбрана на Обединетото Кралство г-дин Ник Гур во придружба на одбранбеното аташе на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, потполковник Лејтон Ендрју.
Во рамки на посетата во командата на 1.мпбр, беше реализиран брифинг со кој гостите беа запознаени со историјата и мисијата на единицата, организациско-формациската структура, опремата, локацијата на потчинетите единици, терените за обука како и активностите кои ги има единицата за наредниот период, како и за идната трансформација на бригадата согласно НАТО стандардите за полесно интегрирање со останатите земји членки на НАТО алијансата.
По брифингот во кругот на касарната ,,НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, беа проследени методско показните вежби на тема: ,,Мобилна контролна точка“ и ,,Кордон и справување со толпа демонстранти“, со кои припадниците од 1.мпб и 2.мпб од составот на 1.мпбр на дело ја демонстрираа високата професионалност, подготвеност и обученост за извршување на задачи во урбана средина.
ГЃ/БН