На терените на Осоговските планини и реонот на село Требеништа – Кичевско во зоните на одговорност на 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) и 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), согласно годишниот календар за обука, припадниците на извидувачкиот вод од 2.мпб и 4.мпб од составот на 1. механизирана пешадиска бригада како секоја година и оваа успешно реализираа стручно-специјалистичка обука на тема: „Базирање и исхрана во природа“.
Целта на оваа логорување е персоналот практично да се соочи со опстојувањето во природата, создавајќи си самите услови за живот и работа, со изработка на објекти за сместување, филтрирање на вода за пиење од незагадените извори и потоци, исхрана, пронаоѓање, класификација и користење на флората и фауната од планините и реките во поширокиот реон на селата Требеништа – Кичевско и Полаки – Кочанско, во услови кога е прекинато редовното снабдување на единицата со животните намирници.
Во текот на логорувањето припадниците, практично ја покажа обученоста и психофизичката подготвеност за успешна реализација на обуката во реални услови и посветеност во извршување на обврските и задачите, изолирани од цивилизација, без секојдневни средства и намирници за живот и работа.
ГЃ/БЕ