Врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија за 2014 година, денес, (26.03.2014 година) во Здружената оперативна команда (ЗОК) престојуваа резидентните и нерезидентните воени аташеа акредитирани во Република Македонија од вкупно 17 земји.
Домаќин на воените аташеа им беше командантот на ЗОК генерал – мајор Методија Величковски, а за време на престојот во ЗОК пред нив беше одржана презентација за структурата на ЗОК.
На презентацијата од страна на началникот на штаб на ЗОК бригаден генерал Стојан Димчов воените аташеи беа запознаени со: структурата, мисијата и задачите, персоналната и материјална пополнетост, планот за трансформација, идните предизвици, и процедурите за помош и асистенција на други безбедносни и цивилни структури. На крајот од презентацијата, началниците на секциите во ЗОК одговараа на поставени прашања од гостите.