На платото пред Бригадата за логистичка поддршка, денес, Воено – медицинскиот центар свечено го одбележа 21 Декември – ден на единицата, на која присуствуваа: Началникот на Штаб и Началниците на секции од Бригадата за Логистичка Поддршка, Команданти на бригади и баталјони од составот на АРСМ, поранешни команданти и други гости.
Во своето излагање, Командантот на Воено-медицинскиот центар, полковник Ирена Минева започна со една мудра мисла Махатма Ганди: „Здравјето е тоа што преставува вистинско богатство, не парчиња од сребро и злато” и нагласи дека Воено медицинскиот центар е дел од Армијата со мисија на зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата континуирано, секаде и секогаш. На крајот од говорот, полковник Ирена Минева на сите припадници на Воено медицинскиот центар им го честита 21 Декември – Ден на единицата.
Началникот на Штаб на Бригадата за Логистичка Поддршка потполковник Александар Стојчевски, честитајќи им го денот на единицата пред присутните истакна дека Воено медицинскиот центар покрај редовните задачи активно е вклучен и во поддршка на сите воени вежби меѓу кои секако и најголемата вежба „Одлучен удар”, а даде несебична поддршка во медицинската обука на припадниците на Армијата на МВР,ДЗС,ЦК и припадници на повеќе странски армии. Потврда за нивната професионалност се добиените високи признанија и одликувања, а што нас посебно не прави горди.
Во продолжение на свеченоста, се прочитаа добиените честитки по повод 21 Декември – Ден на Воено медицинскиот центар од другите единици,а се прочитаа и стимулативните мерки за постигнатите резултати во работењето на припадниците од Воено медицинскиот центар од страна на Началникот на ГШ, Командантот на Бригадата за логистичка поддршка и Воено медицинскиот центар.
Со тоа беше завршена свеченоста по повод 21 Декември – Ден на Воено медицински центар.
ЗВ/АС