Денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес во услови на преземање на мерки за заштита и ангажирање на персонал во поддршка за справување со пандемијата COVID -19, се одржа свечено постројување за одбележување на 15. април – Денот на Командата за обука и доктрини (КОД).
Одбележувањето на 15-ти април, како ден на Командата за обука и доктрини , е одреден во чест на пристигнувањето на првата класа регрути од регуларниот состав на Армијата на отслужување воен рок во 1992 година.
Командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев во своето обраќање им го честиташе денот на единицата на припадниците на КОД, а воедно им пренесе честитки од Началникот на генералштабот на армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски со желба за лично здравје на припадниците на КОД и нивните фамилии. Командантот на КОД на свеченото постројување истакна дека задачите ќе продолжат да се реализираат со посилен интензитет во справувањето со пандемијата, а напоредно со тоа нема да се изостават и обврските со доделената мисија на единицата.
На свеченото постројување по повод денот на единицата беа прочитани и стимулативни мерки за припадниците на Командата за обука и доктрини.
С/Г