На покана на градоначалникот на Општина Петровец, а по повод иницијативата за еколошка општина ,,За чиста и зелена општина Петровец“, во соработка со амбасадата на Словачка во Република Северна Македонија во присуство на градоначалникот на општина Петровец, г-дин Борче Митевски и амбасадорот на Словачка, г-дин Хенрик Маркуш, традиционално, во еколошките активности за заштитата и унапредувањето на животната средина и природа на местото околу Катлановска бања свое учество зедоа и припадниците на Армијата од Гарнизон Петровец.
Во изминатите години припадниците на Армијата активно се вклучуваат во сите активности од доменот на екологијата и заштитата на животната средина. Со овие активности, а пред се со спроведувањето на еколошката акција, персоналот од Армијата даде голем придонес во заштитата и унапредувањето на животната средина, со порака дека ваквите акции ќе продолжат да се спроведуваат и во иднина за почиста и поубава животна средина.
ГЃ/ЈМ/БН