Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, почитувајќи ги мерките за заштита од „COVID“-19, се одржа реферирање за борбената готовност за 2020 година пред командантот на Командата за операции (КО).
На годишната анализа командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски, за персоналниот менаџмент, борбената готовност, обуката и опремата, како и текот на трансформацијата и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз борбената готовност на единиците. Од страна на командантите на првопотчинетите единици беа истакнати и степенот на реализација на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката како и условите за живот и работа.
На крајот од реферирањето, командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски како приоритети во идното работење, ги истакна професионализмот на сите полиња во работата на персоналот како поединци и единицата како компактна структура, обуката, физичката подготвеност и меѓучовечките односи во единиците и истите ќе продолжат во континуитет да се реализираат во понатамошниот период.