Во последниот ден од тековната 2020 година, во Командата за обука и доктрини (КОД) пред припадниците од Командата и новопримените професионални војници на служба во Армијата, заменик-командантот на КОД, полковник Стојанче Тодоров имаше обраќање на кое се соопштија стимулативни мерки и наредби за унапредување.
Во своето обраќање полковникот Тодоров во името на командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и во свое лично име на присутните им ги честиташе претстојните празници со желба за лично здравје и здравје на нивните семејства.
Воедно на новопримените професионални војници кои ја започнаа основната борбена обука им порача успешно совладување на предвидените содржини кои ќе се реализираат во Центарот за индивидуална обука и им посочи дека целокупниот труд и ангажирање ќе бидат реално следени и вреднувани, а стекнатите знаења ќе имаат можност да ги применуваат во своите единици.
Ц/В