Во рамките на активностите по повод одбележување на „18ти Август – Денот на АРМ“ припадниците од единиците кои се во состав на Здружено Оперативната Команда зедоа учество во активностите од хуманитарен карактер согласно Програмата за одбележување на празникот.
Паралелно со крводарителска акција која се спроведе на ден 13.08.2014 година во гарнизоните Куманово и Тетово, се спроведуваше и хуманитарна акција на собирање на облека и обувки, при што на ден 14.08.2014 година на организацијата на Црвениот крст во гарнизоните: Куманово, Петровец, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп и Скопје беа предадени пакети со облека и обувки кои беа донирани од припадниците на Армијата на Република Македонија.
Во рамките на цивилно воената соработка со социјалните служби, оваа година хуманитарна помош беше дадена и на семејство од социјално ранливите категории, при што на многудетното семејство ( девет деца од кои две се хендикепирани) Јовановиќ од село Петровец покрај донација во храна, беа доделени и облека и обувки собрани од припадниците на воздухопловната бригада.
Како и многупати досега се покажа дека припадниците на Армијата на Република Македонија не само што се чувари на мирот и гаранти на територијалниот суверенитет , туку кога се работи за хуманост и помагање на оние на кои помошта им е најпотребна.