Согласно годинашниот план и програмата за соработка со Црвениот крст, а по повод Денот на 1.пешадиски баталјон од 1.пешадиска бригада, на ден 19.02.2021 година, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“, се реализира акција за доброволно дарување на крв, при што беа собрани вкупно 53 крвни единици.
Во крводарителната акција покрај припадниците на единиците на Армијата од гарнизонот Куманово, за првпат учество земаа и припадници од командата на SEEBRIG.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Куманово и Црвениот Крст уште еднаш ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата за подарените крвни единици и за плодната соработка.
МЈ/БН