Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, денес се реализираше акција за доброволно дарување на крв во соработка со Црвениот Крст на Република Северна Македонија, а која е планирана според Годишниот план за работа на вВИНГ.
Во акцијата учество земаа 54 (педесет и четири) припадници на вВИНГ, командата и прво потчинетите единици како и останати припадници од гарнизонот Петровец.
За време на крводарителската акција беа запазени сите мерки предвидени со протоколите за заштита од вирусот КОВИД-19.
ГИ/ЧС/БН