Согласно годишниот план за работа на Баталјонот за врски, во период од 13 до 15 април, четата за подвижни комуникациско-информациски центри реализираше обука во теренски услови, во реонот на Михајлово и Плачковица.
Во текот на активноста беа извежбани постапките за поставување на станици за врски во теренски услови и интерконекција на подвижниот со стационарниот дел од системот за врски на Армијата.
Во пресрет на вежбата „Одлучен удар-21“, споменатата обука во теренски услови беше искористена и за непосредни подготовки на персоналот од единицата кој ќе биде активно вклучен во обезбедувањето на комуникациско-информациска поддршка за време на вежбата.
Обуката во теренски услови е одлична можност за утврдување на стекнатите стручни знаења во секојдневниот процес на обука и стекнување на нови искуства преку работа на издвоени локации.