Денес, 27 ноември припадниците на АРМ активно се вклучија во 12 -тата акција ,,Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“. Врз основа на извршената координација со координативното тело на акцијата, 250- те припадника на АРМ, водени од мотото „Засади Здравје! Засади здрава иднина“, се ангажираа на следните локации:
- во Скопје, во реонот Мршевски рид;
- во Велес, на пунктот кај месноста Балтак (Војнички пат) – КО Оризари, ;
- во Штип, на пунктот кај местото викано (мв) Косматица – КО Ново Село ;
- во Прилеп, на пунктот кај мв Ропов Рид – КО Ропотово – Долнени;
- Во Кичево, на пунктот кај мв Црвевци;
- во Тетово, кај мв Подгранада – О Желино Жеден Орашје и
- во Куманово, на пунктовите: мв Мокро Поле – КО Липково – Слупчане, мв Краста – КОС Старо Нагоричане и мв Гол Рид – КО Биљановце.
Со организираното приклучување кон оваа најмасовна еколошка акција во Република Македонија, АРМ како и во изминатите години, го даде својот придонес кон обновувањето на шумскиот фонд на Република Македонија, како и во изградбата на еколошката свест за зачувување на шумите како едно од нашите најголеми богатства.