Во период од 14 до 17 јуни 2021 година во Домот на Армијата во Скопје, во соработка и координација помеѓу генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија и одделението за воена соработка со Вооружените сили на САД се одржа семинар од областа на цивилно воена соработка (ЦВС).
На семинарот активно учествуваа 21 припадник од генералштабот, потчинетите команди и единици на Армијата на Република Северна Македонија, додека предавачи на семинарот се тим од стручни лица од областа на ЦВС од Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.
За време на семинарот се разработија повеќе теми од оваа значајна област во операциите на НАТО меѓу кои компаративно се разгледаа и начинот на спроведување на активностите во двете Армии и ЦВС стратегија на лидерско ангажирање, како и практични вежби за преговарање и посредување со цивилното население при воени операции.
Овој семинар претставува дел од активности организирани од страна на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка кој е фокусиран на сегментот на ЦВС со цел зајакнување на стручноста на армиските припадници во оваа област, како и начинот на изведување на ваквите активности во мултинационални средини за поддршка на мировни операции и меѓународни вежби.
На крајот од активноста на учесниците на семинарот се одржа церемонија на доделување на сертификати.