Во периодот од 13. до 17.09.2021 година, во Кампот за обука на вода, во Охрид, со придржување кон сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, беше реализирана работилница за изработка на Планот за вежбата (EXPLAN) „Блесок 22“.
На отворањето на работилницата, воведно обраќање кон учесниците имаше директорот на вежбата, потполковник Зоран Сумрачки, кој ја истакна важноста на документите кои ќе бидат изработени, а понатаму ќе бидат основа врз која ќе се креираат и организираат останатите документи, но и целокупната вежба. Воедно беа дефинирани обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот кон исполнување на доделените задачи.
Во рамките на вежбата „Блесок 22“ ќе биде реализирано оценување на декларираниот лесен пешадиски баталјон (лпб), согласно стандардите за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО (CREVAL).
Планирачкиот процес за вежбата „Блесок 22“ продолжува во месец октомври, со учество на тимот за планирање на вежбата на Иницијалната планирачка конференција (ИПК).
ЈМ/ЗС