Со воена церемонија во Регионалната Команда – Запад (РК-З) во Пеќ, се изврши примопредавање на должноста помеѓу втората и третата ротација на контингентите на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО – „КФОР“.
Во своето обраќање највисокиот воен претставник од втората ротација, потполковник Неџати Голак им се заблагодари на сите учесници во вториот контингент за успешно и професионално извршените задачи во текот на мисијата, додека на новиот контингент, предводен од потполковник Драган Кузмановски, му посака успешно и безбедно извршување на доделените задачи во текот на мисијата.
Покрај примопредавањето на должноста помеѓу двата контингенти на свечен начин се доделија НАТО медали за успешно извршената мисија на припадниците од вториот контингент на Армијата на Република Северна Македонија.
На активноста покрај високите воени авторитети од РК-Запад на чело со командантот полковник Андреа Бертацо, присуствуваше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Косово, Н.Е. Шпреса Јусуфи.
ДС/ЧС