Во период од 22. до 25.02.2022 година, екипа од Командата за операции (КО) предводена од началникот на штаб во КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, изврши контрола на обученоста и достигнатото ниво на декларираниот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на првата пешадиска бригада за претстојното оценување.
Целта на контролата беше да се стекне увид во воено-стручните знаења на персоналот, нивната извежбаноста и подготвеност во примена на процедури во текот на процесот на донесување на воена одлука и употребата на единицата согласно НАТО стандардите.
За време извршувањето на поставените задачи кои беа планирани согласно планот за активности на местата за работа, можеше да се види одлична извежбаност и синхронизираност на персоналот, висок професионализам и добра координација во реализација на обврските и зададените задачи согласно планот од претпоставената команда.
ИН/ГЃ/ЧС