Согласно годишниот план за билатерална соработка во областа на специјалните сили, во период од 23 мај до 3 јуни 2022 година, во Атина, Република Грција, се реализираше курс за обука за планирање на специјални операции (SOTG), од страна на инструктори од специјалните сили на ВС на Република Грција.
На овој курс учество земаа припадници од баталјонот на специјални сили (бСС) од Армијата на Република Северна Македонија, и припадници на специјалните сили од Република Грција и Република Албанија.
Со овој курс слушателите преку теоретска и практична настава ги надоградија веќе стекнатите знаења за учество на билатерални и мултинационални вежби, како и за учество во мултинационални специјални операции.