По повод одбележување на 21 година од трагичниот настан кај месноста „Карпалак“, во кој животот згасна на 10 припадници на Армијата, делегација од Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана предводена од Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ положи венец со свежо цвеќе кај месноста „Карпалак“.
Армиски делегации одадоа почит на загинатите припадници на Армијата и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, како и на спомен обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Во нападот на конвојот на армиските сили на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста „Карпалак“ на 8ми Август 2001 година, животот го загубија Марко Деспотоски, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, од резервниот состав на Армијата, од гарнизонот Прилеп.