Во Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес, се реализираше свечено постројување со кое се означи почетокот на реализација на основната воена обука од Основниот курс за подофицери, која ја сочинуваат 150 слушатели меѓу кои 13 припаднички од различни единици на Армијата.
На свеченото постројување присуствуваше заменикот на командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Лулзим Нуредини кој во своeто обраќање, на слушателите најпрво им посака добредојде во касарната и им посочи дека во наредните два месеца ќе се соочат со многу предизвици, но со целосно и посветено ангажирање како и максимално вложен труд при реализација на предвидените активности кои следат во текот на обуката ќе се овозможи секој слушател да се изгради во високо мотивиран и физички подготвен лидер.
Мисијата на планот и програмата за основниот курс за подофицери е низ процес на обука да се изградат лидери на одделенија со високо развиена морална свест, со професионален војнички изглед и однесување, со потребните знаења кои ефективно ќе ги применуваат во работата и да бидат воено-стручно и методички оспособени за успешно реализирање на обуката и правилно применување на тактиките и процедурите при извршување на борбените задачи.
С/Г