Во Центарот за обука „Пепелиште” во период од 11 до 15 мај 2015 година се реализира Работилница за изработка на оперативен план (ОПЛАН) и концепт за операции како една од фазите во континуираните подготовки за реализација на вежбата „Македонски Блесок 11”.
За време на работилницата на која работен јазик беше англискиот од страна на учесниците кои беа организирани по синдикатни групи се изработија: концептот за операции, ОПЛАН со анекси, драфт верзија модул 4 на сценариото на вежбата, дефинирање на персонал и утврдување на структура на вежбата во согласност со Директивата за планирање Bi-SC 75-3.
Исто така беа дадени насоките за успешно оценување во координација со директорите за оценување.
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на конференцијата претставуваат добра основа за понатамошните подготовки од процесот на планирањето и успешното реализирање на Главната Планирачка Конференција која ќе се реализира во месец јуни 2015 година. На истата ќе се реализира НАТО советодавна посета со конкретни смерници за оценувањето.