Припадници од ренџерскиот баталјон како претставници од Армијата на Република Северна Македонија имаа уште една прилика да ја прикажат својата обученост и вештините во ориентација на земјиште на регионалниот натпревар во организација на Вооружените сили на Република Словенија со поддршка на меѓународната организација на воени спортови.
Натпреварот се реализираше од 09.03. до 16.03.2023 година во Постојна, Република Словенија во склоп на цивилниот натпревар во ориентација како дел од цивилно воена соработка.
Екипата на Армијата составена од седум припадници од ренџерскиот баталјон достојно ја претставуваа Армијата и својата единица на првото официјално учество на натпревар по ориентација, при се натпреваруваа во конкуренција на припадници од Армии од 13 држави (Словенија, Шведска, Летонија, Белгија, Финска, Франција, Данска, Унгарија, Обединети Емирати, Србија, Австрија, Албанија, Холандија).