Во Одделот за медицинска обука при Баталјонот за воено медицинска поддршка, во период 13 до 24.03.2023 година, се реализираше „Курс за прва медицинска помош за животоспасувачи“. На курсот учествуваа припадници на повеќе единици од Армијата.
Сите слушатели беа оспособени за изведување на напредни медицински постапки при животозагрозувачки состојби. На последниот ден на курсот, се изведе завршна вежба со применување на сите научени знаења и вештини во делот на предболничко згрижување на повредени и заболени. Исто така, на пригодна свеченост беа доделени и сертификати на сите учесници на курсот.
ЗВ/ММ