Во период од 09.07 до 10.07.2015 година во баталјонот на Воена полиција (бВП) се реализира иницијална планирачка конференција за билатералната вежба за инплементација на “Freedom Shock” концептот.
На конференцијата припадниците од бВП и претставници на Армијата на Соединетите Американски Држави ги дефинираа темите, насоките и планот по кој ќе се реализира вежбата за примена на концептот “Freedom Shock” .
Концептот „Freedom Shock“ е програма на командата на армијата на САД во Европа за обука, оценување и одржување на подготвеноста на армиските единици од земјите на НАТО и партнерство за мир.
Вежбата ќе се реализира кон крајот на месец август и почетокот на месец септември 2015 година и на неа покрај припадниците од декларираната чета од состав на бВП ќе учествуваат и припадници од армијата на САД.
Цел на вежбата е подготовка на декларираната чета од составот на бВП за претстојното НАТО оценување ниво 2 кое ќе се реализира во рамки на вежбата „Македонски Блесок 11“.