Во периодот од 03 – 17.07.2023 година, дел од припадниците од составот на Баталјонот на Воена полиција (бВП), ќе изведуваат обука во летни услови – пливање и обука во водени површини во Кампот за обука на вода во Радожда, со цел стекнување на нови и надградување на веќе стекнатите стручни знаења.
Со обуката ќе продолжи континуитетот на реализација на активноста за оспособување и извежбување на персоналот од единицата за извршување на задачи и активности во летни услови, изведување на операции на вода, пливање, како и за поддршка во извршувањето на мисијата на припадниците на бВП.
Како и досега припадниците на Баталјонот на Воена полиција со своето професионално и одговорно однесување успешно се справуваат со обуката.
АА/ЧС