Во организација на Генералштабот на Армијата, на патеката во спортскиот центар „Хиподром“, традиционално и оваа година се одржа „15-то Армиско првенство во крос-кантри трчање“.
Во оваа атлетска дисциплина во должина од 8000 метри во машка и 4800 метри во женска конкуренција покрај припадниците на Армијата, учествуваа и претставници од Атлетската федерација на Македонија.
На денешната спортска манифестација од составот на Армијата во женска конкуренција, првото место го освои наредник Марија Пеликон, второ место Силвана Вељуслиев и трето место Дијана Лапевска. Екипно најдобри во женска конкуренција беа припадничките од Генералштабот, втори се пласираа припадничките од Извидувачко разузнавачкиот баталјон и трети од Командата за обука и доктрини.
Во машка конкуренција првото место го освои пфв Милош Ранчиќ , а на второ место се пласираше капетан Жан Тосев и трето место пфв Трајче Илиев. Екипно припадниците на баталјонот на специјални сили го освоија првото место, второто логистичка база, додека третото место го освои екипата од Командата за обука и доктрини.
По завршување на натпреварите, на најуспешните поединци и екипи им беа врачени медали и пехари.