На ден 22 февруари 2024 година во „Домот на Армијата“ – Скопје се организираше Конференција за меѓународна воена соработка, на која беа поканети повеќе претставници од организациските единици на Генералштабот (ОЕ на ГШ) и првопотчинетите команди и единици (ППКиЕ). Конференцијата ја организирше Одделението за меѓународна воена соработка (ОМВС/ГШ), во координација со Секторот за меѓународна соработка (СМС/МО), Секторот за човекови ресурси (СЧР/МО) и Канцеларијата за одбранбена соработка (ODC).
Целта на Конференцијата беше запознавање на персоналот и дефинирање на појдовните основи на билатералната соработка, усогласување и соединување на сите елементи при изработка на одредени документи од доменот на меѓународната воена соработка, дефинирање на задачите на носителите и соработниците при реализација на активности во Република Северна Македонија и надвор од државата. Исто така, како значаен дел, беше опфатено и планирањето на финансиските средства соодветно на видот на активностите. На крајот од Конференцијата беше опфатен и делот од регионалната и мултилатералната соработка и присутните беа информирани за придобивките од членството на Армијата во регионалните иницијативи (BCHOD’s Conference, US-Adriatic charter, DECI).