Денес во командата на Првата пешадиска бригада (1.пбр), беше реализирана посета од страна на делегација од асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) од повеќе земји акредитирани во Република Северна Македонија. По пречекот од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски со припадниците на штабот и командата, .беше реализиран брифинг, со кој АОА беа запознаени со историјата, мисијата на единиците, организациско-формациската структура, опремата, локацијата на потчинетите единици, терените за обука како и активностите кои ги имаат единиците за наредниот период и процесот на модернизацијата на бригадата. Во рамки на денешната обиколка делегацијата на АОА ја посети и спомен собата во командата на 1.пбр.
Припадниците од втор пешадиски баталјон (2.пб) и инженериски баталјон (инжб) во рамките на посетата реализираа тактичка вежба на тема: „Лесен пешадиски вод во извршување на наменска задача“, со која персоналот демонстрираше висока професионалност и обученост за извршување на доделената задача.
Обиколката од АОА е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со АОА во земјава.
ГЃ/СЛ